Дома

Кордилера Бланка - планините во Перу

Ла Есфинге, Караз 1, Артесонраху, Пирамиде, Хуандој Северен Врв

До овие врвови се стигнува преку долината Парон.Од градот Хуараз за околу 3 часа со комбе (такси) се стигнува до дом на езерото Парон (преку градот Караз) од каде базните логори на овие планини се наоѓаат на околу 1-3 километри пешачење.

Ла Есфинге (5325м) – огромен гранитен ѕид со висинска разлика од 750 метри.

Караз 1 (6025м) – две класики: јужната (директ) страна и насоката преку источниот глечер и североисточниот гребен. Првата насока е искачена во1979 година и од поднежјето до врвот има висинска разлика од 1000 метри. Техничката тежина е TD+. Втората насока е искачена во 1955 година има техничка тежина D, a висинската разлика е 900 метри.

Артесонраху (6025м) две класики и од оваа страна – јужниот гребен и југоисточната страна. Првата насока е качена во 1993 година, има висинска разлика од 1025 метри од глечерот и тежина TD+. Втората е качена во 1969 година, има висинска разлика од 1275 метри и тежина D.

Пирамиде Де Гарциласо (5885м) – Југозападнатата (директ) страна е качена за прв пат во 1979 година, има 800 метри висинска разлика од подножјето на страната и оцена TD+.

Хуандој Северен Врв (6395м) – северозападната страна е искачена во 1971 година со висинска разлика од 800 метри од поднежјето на страната и тежина D+.

Сите насоки се симнуваат со абзелување по истите назад. Ако се киристи друга насока се влегува во друга долина, а тоа го комплицира враќањето во базниот камп...

Copyright © Alpinizam.org