Фотки од експедицијата

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Текст на Горан Кузмановски (алпинист од Битола) за неговото учество во експедицијата на Пик Корженевска (7110м)

Камп 2 - Камп 3 - БК

06.08.2005 Сабота

Сабајлето се натоваривме со шаторите и целата опрема и тргнавме низ длабок снег кон камп 2 на 5300 метри. Поминувавме низ стрмен кулоар со натечен мраз, а од новиот снег немаше никаква патека и фиксираните јажиња од предходните експедиции не се гледаа. Доста технички дел, поготово со ранци над 20кг и без фиксирани јажиња. Последниот дел беше низ доста стрмна карпа, а имаше фиксирано 5мм јаже. Навистина ми беше страв да се држам за него и решив карпата да ја заобиколам од десно по фирнована падина со нагиб од околу 70 степени. Само со еден цепин во рака доста се измачив додека излегов на работ. Ранецот ме влечеше наназад, а фирнот понекогаш не ме додржуваше и пропаѓав до колена. Евентуалното паѓање значеше паѓање до камп 1. За околу 1 и пол час бев на камп 2 на 5300м. Таму се одморивме и продолживме кон камп 3 кој беше на 5800м. Следуваше искачување по доста стрмна падина со нагиб околу 50 степени, препречена со многу пукнатини од кои повеќето сокриени од новиот снег и зголемена опасност од евентуални лавини. На некои од пукнатините успеавме да ги видиме фиксираните јажиња кој вообичаено за Русите беа само 5мм дебели и јумарите едвај се закачуваа на нив (повеќе психолошки). Со Марин се движевме во наврска, многу бавно и предпазливо, а од тешкиот ранец почнав да чуствувам и болки во грбот ( не беше како на нашите планини). За околу 3 часа бевме на 5800м - Камп 3. Оваа вечер одлучивме да останиме овде, па следниот ден да решиме што понатаму. Шаторот го поставивме во бергшрундот (процепот помеѓу пукнатината и карпата). Ископавме полица во мразот и го поставивме шаторот. Имавме проблем со плинот! Боците беа полни повеќе од пола, а не гореа. Беше доста студено и мораше со голи раце да ги топлиме боците за да тие едвај горат и топат снег - во спротивно не работеа!

Со аклиматизацијата сум супер, главата не ме боли и се осеќав силен, единствено со болки во грбот од тешкиот товар. Целата ноќ мразот под нас пукаше и шаторот се тресеше. Излеговме со Марин и направивме сидриште во карпата и си легнавме врзани со појасите на нас. Целата ноќ пукаше и се тресеше - не можев да спијам. Целата ноќ се слушаше како паѓаат лавини наоколу...

07.08.2006 Недела

Следното утро времето беше лошо, но решивме да го кренеме шаторот до 6100м. Луѓето кои што идеа од горе од другата експедиција кажаа дека горе е големо невреме со урагански ветар. Така да требаше да слегуваме надолу... Се спакувавме и се вративме на камп 2, 5300м. Го поставивме шаторот (веќе ми се смачи од кревање и спуштање шатори и почнав да размислувам за бивак, но копањето во овие услови не е воопшто лесно). Стигнаа Петја и Марјан и решија да се качат на 5800м, во бергшрундот и таму да преноќат, иако не беше многу добра идеја во тоа време.

08.08.2006 Понеделник

Утрото беше големо невреме. Евентуалното чекање на добро време на оваа височина значеше тотално истоштување на организмот и психички и физички и одлучивме да се вратиме до базен камп. Тој ден за прв пат се “ избањавме ” од дома. Подоцна се вратија и Петја и Мариан.

09.08.2006 Вторник

Цел ден помина во шатор, Мариан и Марин заедно со русите пиеа Водка.

Copyright © 2005 Alpinizam.org