Друго од Александар:
- Камена баба (ноември/2011);
- Доломити 2011г.;
- Тани;
- Франгова;
- Рампа;
- ПИ;
- Панчева;
- Стење - Преспанско Езеро |
Камена баба, 06.11.2011
- текст: Александар Зарапчиев
(17.11.2011г)
Прогнозата за предминатиот викенд навестуваше повеќе од одлично време за качување. Па во име на тоа, решивме да оствариме неколку недели одложувано одење на локалитетот Камена Баба, над Прилеп.
Локалитет, кој што, апсолутно неоправдано, не го посетуваме доволно често.
Идејата беше да организираме еден цел викенд, во името на чистото традиционално качување, да пробаат сите што не качувале на таков начин, и да споделиме и помогнеме со орпема за сите оние што ја немаат доволно.
Но сепак, поради работни обрвски решивме овој пат тоа да биде само еден ден, недела.
Еднаш веќе бев таму, на ланскиот “Крале Марко” болдер маратон, каде што момците организираа вистински хепенинг, одприлика 20 шатори, со гости од Србија, и од повеќете Мак. Спортско качувачки клубови, гласна музика благодарение на Томи, линија за одење на јаже, и сега кога се присеќам како да недостасуваше само уште Крали Марко пиво.
Тогаш успеав само да го разледам местото, да се уверам во неговата мистичност и карактеристична убавина. Нејсе, се собравме две коли од Скопје, и една од Охрид. Точно 6 наврски. Од кои, 4 беа со по едно девојка во нив.
Очекувавме многу сончево време, но наидвоме на магла, и доста студено утро, предпладне.
Но сепак, не чекавме никаква промена, се поделивме, опремивме, и почнавме да качуваме насоки по личен избор. Освен Игор, Весна и Круно, останатите немавме баш претстава во што се впуштаме, не ги знаевме имињата и оцените, па сите си одбиравме линии по вкус.
Така јас влетав прво во насока за која подоцна дознав дека се вика Љољо, убава линија, но меѓу другото ми се виде и лесна, можеби како прва за загревање.
Ќе продолжам да зборам за фактот што ова е мое прво искуство на ваков локалитет, друга вид на карпа, и прво сосема чисто искуство, Имав искачено насоки користејќи само френдови, чокови и гуртни на Матка, но сепак тие насоки ми беа познати, а ова беше целосно onsight искуство. На крајот на денот, дефинитивно заклучив дека насоките не се толку лесни колку што изгледаат на прв поглед, покрај тежината на движењата се среќавав со друга психичка тежина на точките на осигурување, колку се далеку, дали ќе издржат, во деликатно движење да поставувам точка итн...
На самиот почеток имав едно излизгување на мов, нешто што ме исплаши, и ми ги отвори очите толку многу, што можев да гледам зад мене дали пратнерот ме осигурува “доволно добро”!
Не се повредив, и среќа беше на самиот почеток, едноставно излизгување од неколку метри. Продолжив внимателно, и можеби пропуштив еден голем дел од забавата на Љољо, поради возбудата на тој почеток како да не бев присутен и не уживав до крај во движењата што ги нуди. Сепак успеав да ја завршам насоката безбедно и слободно истото важи и за Елена со која заедно ги качивме сите насоки тој ден.
Не требаше многу, се опуштив и почна да зоврива чуството на задоволство и возбуда од средбата со оваа нова карпа, и овој нов пристап кон качувањето.
Следна ја одбравме “Овчарска”, полесна, но и поразиграна линија, која ни приреди одлична забава. Многуте точки за осигурување, и можеби малку помалата оцена ни го направија тоа многу пријатно качување, мислењето го делевме и двајцата дека тоа е прекрасна насока, специјално за некои кои прв пат пристапуваат кон локалитетот, како нас тој ден.
Во меѓувреме ни се придружија качувачи од Битола и од Прилеп, по што стана малку гужва на карпата.
Моментот го искористивме да направиме обид за повторување на насоката Пинки. Дојдов дента со амбиција да повторам некоја од поновите линии таму, се решив за оваа мислејќи дека е полесна од тие во околината, а и по кратка беше во секој случај.
Пинки е една кратка насока, која почнува во една ширкоа пукнатина, на самиот лев крај на Камената Баба, гледајќи ја од источната страна, испаѓа на полица, па следи уште поширока пукнатиа со доста експониран превис, импровизирано сидршите, па втор полесен краток дел.
Пред да почнам да качувам, следеа серија, по малку смешни грешки.
Прво се мислев дали да одам, помеѓу Тајниот премин, и Пинки. Но поради недостиг од концентрација, хендикеп што го носам од раното детство, погрешно разбрав дека Пинки е лесната, а Тајниот Премин тешката, J, па си велам, ај прво во лесната.. да тоа да ти било обратно.
Втор беше што мислев дека Пинки е насоката која уствари се вика Sunny crack.
Но, не влегов во неа, зашто ми се виде премногу тешка, па си викам ајде во оваа кратка линија близу Sunny Crack, а токму таа била Пинки. Дури на самиот крај не ни ја повторив неа, туку едно метро во десно качував, сосема друга пукнатина. Трето, одкако се решив конечно каде ќе качувам, си викам,кратка е насокава, имам цел сет френдови, чокови, сигурно ќе завршат работа.
НО! Таму можев да користам само 5/6/7 големина на френдови, па наидов на друг проблем, немав доволно опрема, па морав да вадам подолу ставени френдови, да ги редам погоре, што малку ми створи немир и несигурност.
Искрено, ми беше многу страв, мислев дека неможам да ја качам но знаев дека нема враќање. Сепак, малку од малку, со довикување и бодрење од долу, некако го поминав првиот дел, па следеше вториот превисест дел, со многу голема пукнатиа за полвина тело, и само еден френд во радиус од 10 метри, го поминав и тоа. Радост до небо, и после целата збрка со која е која насока, мислев сум качил првенствена.
Првенствена во чист стил!!
Но не беше така, Игор ми го “скрши” филмот со тоа што ми кажа, дека насоката ја качиле некои Словенци, а подоцна дознав дека се викала Еребица.
Со тоа завршија грешките околу тоа што качував, со едно неверојатно силно искуство, што го осеќам секој пат кога ќе помислам на Прилеп и Камената Баба. Елена го надополни задоволството со тоа што успеа да ме следи, и успешно да ја качи насоката. Па уште и сонце изгреа по пат на качувањето. Едноставно не е можно толку многу убави околности со таков крај да се наредат, сигурен сум дека е до местото, до тие магични карпи над Прилеп.
Одморивме, па качивме уште една насока, мислам дека се викаше Претцедатело, убава не многу тешка насока, но веќе со силите бевме при крај, тоа ми беше максимумот што можевме да го дадеме тој ден.
Зајдисонцето што се појави додека ја качувавме последната насока, експресно се надополни со многу светла речиси полна месечина наспроти. И тие два моменти ги дочекавме на врвот на самата Камена Баба, како дефинитивна награда за убавиот ден.
|