Описи на насоките кои ги поминавме во 2012г.:
- Виа М. Специале VI-, Пиколо Лагацуои (2778м);
- Далаго IV, Чима Касон ди Формин (2376м);
- Гребенот на Фиамес V, Пунта Фиамес (2240м);
- Комичи III+/IV-, Пунта Кол Де Варда (2504м);
- Виа Миријам V+, Јужен врв на големата кула на Чинкве Тори (2361м) |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Пунта Кол Де Варда (2504м)
Насока: Северо-западен жлеб („Комичи“), III+/IV-
Први качувачи: Eмилио Комичи и Сандро Дел Торзо - на 1-ви септември 1934-та
Детали: Висинска разлика од 200 метри; 4-5 должини. Потребно време за качување: два до два и пол часа. Пристап - еден и пол час пешки од езерото Мизурина или дваесетина минути од горната станица на жичарата. Симнување - два часа пешки назад до езерото или 45 минути до горната станица на жичарата. Жичарата во август/2012-та чинеше 8 евра во два правци и завршува кај планинскиот дом Кол Де Варда (2115м) кој се наоѓа близу карпата.
Опис: Кога се гледаат овие карпи од долу, од езерото Мизурина, навистина е тешко да се одвои посебно овој заб од целиот карпест масив пред вас, но кога ќе се здогледа, а потоа и директната црна линија која паѓа од врвот кон подножјето во средината на оваа карпа, многу едноставно е да се разбире зошто токму Комичи ја качил прв.
Таа црна линија е жлеб - систем на пукнатини и каминчиња чија тежина не поминува III+/IV-, а од време на време може да се најде и по некој клин. Сепак постои доволно можност за поставување на сопствено обезбедување. Сидриштата се со замки и клинови и се на широки полици или вдлабнатини во жлебот. Насоката може да заврши преку жлеб кој на околу должина и пол под врвот оди во лево и ја заобиколува карпата или пак да се качат тие „должина и пол“ (V/III) до врвот. Каде и да се дојде од другата страна на забот - постојат маркации како да се симнете до сипарот - треба да се внимава на раскршениот терен по кој се движите.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
- Наши искачувања во Август '12 |