Описи на насоките кои ги поминавме во 2012г.:

- Виа М. Специале VI-, Пиколо Лагацуои (2778м);

- Далаго IV, Чима Касон ди Формин (2376м);

- Гребенот на Фиамес V, Пунта Фиамес (2240м);

- Комичи III+/IV-, Пунта Кол Де Варда (2504м);

- Виа Миријам V+, Јужен врв на големата кула на Чинкве Тори (2361м)

Описи на насоките во Доломити

Планина/Врв: Пунта Фиамес (2240м)

Насока: Гребенот на Фиамес (југо-источен гребен), V

Први качувачи: Франческо Јори и Кет Бруск - на 19-ти август 1909-та

Детали: Висинска разлика од 400 метри; 15 должини. Потребно време за качување: четири - пет часа. Пристап - 2 часа. Симнување - 1 и пол час. Се паркира на паркингот на болницата на излезот од Кортина кон север.

Пристапот е преку добро маркирана патека која под насоката минува во камини со тежина II-III. Се започнува во каминот кој е на лева страна. Симнувањето е преку патека која оди кон север, а потоа пречи кон исток кон Форчела Помагањон. Се симнува сипар до патеката за пристап.

Опис: Ист почеток за две насоки: Виа Комуне (левата линија) и Гребенот (десната линија). Преку лесни 2 должини (следејќи камин како вовед и пречка во десно) се влегува во убава, бела и цврста карпа која преку жлеб и плочи води до голема тераса. До овде линијата е иста за двете насоки. Кон гребеот треба да се пречи во десно околу 70-80 метри. Влезот во гребенот не е многу очигледен - постојат неколку опции. Маркација е голем жолт превис до кој треба да се стигне и да се заобиколи од десно. Потоа линијата генерално е јасна, а и сидриштата, кои можат да се направат на убави полици и сите се со големи лепени клинови со алки (вакви алки има и на половина должина). Многу убави детали со тежина V по добра карпа. Уживање во погледот и качувањето!



За други детали: kontakt@alpinizam.org

Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

- Наши искачувања во Август '12

Copyright © Alpinizam.org