Описи на насоките кои ги поминавме во 2012г.:
- Виа М. Специале VI-, Пиколо Лагацуои (2778м);
- Далаго IV, Чима Касон ди Формин (2376м);
- Гребенот на Фиамес V, Пунта Фиамес (2240м);
- Комичи III+/IV-, Пунта Кол Де Варда (2504м);
- Виа Миријам V+, Јужен врв на големата кула на Чинкве Тори (2361м) |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Пиколо Лагацуои (2778м)
Насока: Виа М. Специале, VI- (западна страна)
Први качувачи: М. Дољони, Џ. Сињорети, А. Занини, М. Барберио - на 14-ти октомври 1986-та
Детали: Висинска разлика од 250 метри; 10 должини. Потребно време за качување: три до четири часа. Пристап - 20 минути. Симнување - 45 минути. Почетна точка е планинскиот превој Валпарола, на 15-тина километри од градот Кортина Д'Ампецо (се поминува превојот Фалзарего).
Опис: Се почнува директно под очигледната црна трага од влијанието на водата на карпата - малку лево од жолтиот столб кој со главната страна оформува жлеб. Во таа црна трага се влегува дијагонално од десно низ лесни, но исполирани скокови и овде под нејзе е првото сидирште. Од него се оди директно нагоре по терен кој е малку експониран, но изобилува со фаќалишта и можности за поставување на гуртни/замки за обезбедување. Оваа втора должина е супер за качување и човек посакува да трае подолго!
Потоа следуваат лесни должини (скокови од III) меѓу кои има и должина IV+, а последните две должини се супер крај за оваа шарена насока: VI-. Првата должина е скок со плоча (на места има клинови), а втората должина малку превисна пукнатина во која може да се стават френдови и чокови (средна и голема големина).
Симнувањето не е комплицирано (од излезот на насоката се пречи во десно) и треба внимателно да се следат маркациите.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
- Наши искачувања во Август '12 |