Описи на насоките кои ги поминавме во 2012г.:
- Виа М. Специале VI-, Пиколо Лагацуои (2778м);
- Далаго IV, Чима Касон ди Формин (2376м);
- Гребенот на Фиамес V, Пунта Фиамес (2240м);
- Комичи III+/IV-, Пунта Кол Де Варда (2504м);
- Виа Миријам V+, Јужен врв на големата кула на Чинкве Тори (2361м) |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Чима Касон Ди Формин (2376м)
Насока: Северо-западен жлеб („Далаго“), IV
Први качувачи: Д. Костантини и Ф. Далаго - на 23-ти септември 1970-та
Детали: Висинска разлика од 250 метри; 7 должини. Потребно време за качување: три до три и пол часа. Пристап - еден и пол час. Симнување - еден и пол до два часа. Почетната точка е маркацијата за планинскиот дом Палмиери (Крода Да Лаго) - патека маркирана под број 437. Таа почнува од патот Кортина Д'Ампецо - планинскиот превој Џау (6,5км пред превојот). По околу пола час пешачење се стигнува до раскрсница на која има маркација со патека број 435 и веќе од таму се гледа и карпата и насоката...
Опис: Жлебот е очигледен. Во него може да се влезе на два начина: преку две кратки должини со тежина V кoи следат пукнатина или во лево преку лесни скокови со тежина III (овде може да се направи една долга должина директно до нишата од каде почнува жлебот или пак и тие скокови да се направат во две должини). Од овде жлебот нагоре е константен со тежина IV во пет должини. Карпата е добра, но со малку или скоро незабележливо постоечко обезбедување во неа (освен очигледни места за сидршишта со замки или клинови во нив).
Од последното сидриште над жлебот се качува уште една должина по ронлив и искршен терен и во нејзиниот крај се оди во десно кон седло. Од овде се следат маркации: следуваат две должини по кулоарот по лесен, но лизгав и раскршен терен и треба да се биде внимателен. Прво се прави малку симнување од 20-тина метри, а потоа се оди нагоре. На крајот се доаѓа до голем заглавен блок кој или може да се заобиколи од лево (велат тежина V) или може да се влезе под него и да се излезе низ една многу мала дупка над него (не го собира ранецот - треба да се извлече). Од овде уште 20-тина метри до врвот од каде по лесно симнување и пречење во лево се доаѓа до сипарот преку кој се доаѓа до почетокот на насоката и патеката за симнување.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
- Наши искачувања во Август '12 |