Описи на насоките кои ги поминавме во 2012г.:
- Виа М. Специале VI-, Пиколо Лагацуои (2778м);
- Далаго IV, Чима Касон ди Формин (2376м);
- Гребенот на Фиамес V, Пунта Фиамес (2240м);
- Комичи III+/IV-, Пунта Кол Де Варда (2504м);
- Виа Миријам V+, Јужен врв на големата кула на Чинкве Тори (2361м) |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Јужен врв на големата кула (Торе Гранде) на Чинкве Тори (2361м)
Насока: Виа Миријам, V+
Први качувачи: Анџело и Џузепе Димаи и Артуро Гаспари, на 29-ти јуни 1927-ма
Детали: Должина на насоката 150 метри; 4 должини. Потребно време за качување: два часа. Пристап - 30 минути. Симнување - 30 минути (ако се тргне од паркингот на домот Чинкве Тори за кој има одвојување од патот Кортина-Фалзарего на маркерот на 112.2 километар). Ако патот е затворен, автомобилот може да се паркира на паркингот „Bai de Dones" малку погоре по патот кон Фалзарего - што е всушност паркинг за жичарата која води до планинскиот дом „Верверичките“. Пристап пешки од овој паркинг до кулите е околу 1 час.
Опис: Се качува жлебот лево од југо-источниот гребен. Над него полека се качува дијагонално во лево кон очигледниот превис под кој се поминува во пречење во лево и потоа се влегува во жлебот кој води кон врвот. На една должина (III) од врвот има полица преку која може да се почне симнувањето или пак да се качи таа должина и да се симнете назад до тоа место.
По кратко пречење во лево по таа полица, ќе дојдете до тераса од каде треба да се симнете (лесно и кратко, но внимателно) и да продолжите низ преминот - седло, кон север (има маркации). Овде треба да се симнете по лесни скокови и за брзо ќе дојдете до алка од каде може да се абзелува и со едно јаже до подножјето на карпата.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
- Наши искачувања во Август '12 |