Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:
- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)
- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)
- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)
- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м
- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м
- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+
- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+ |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Торе Баранчио (2308м)
Насока 1: Северо-западен жлеб, IV (црвената линија на сликата)
Први качувачи: Игнацио Дибона, Пјетро Аполонио, Дино Стефани - во септември 1934-тата година.
Детали: Висинска разлика од 110 метри; 3 должини. Потребно време за качување: еден час. Пристап - 30 минути. Симнување - 30 минути (ако се тргне од паркингот на домот Чинкве Тори за кој има одвојување од патот Кортина-Фалзарего на маркерот на 112.2 километар). Ако патот е затворен, автомобилот може да се паркира на паркингот „Bai de Dones" малку погоре по патот кон Фалзарего - што е всушност паркинг за жичарата која води до планинскиот дом „Верверичките“. Пристап пешки од овој паркинг до кулите е околу 1 час.
Опис: Класика - одличен тренинг за качување во расчекор. Лесно се комбинира со насоката на северната страна. Почетокот е на подножјето на очигледната пукнатина / камин меѓу Торе Баранчио и Торе Романа. Симнувањето е со абзел - 2 абзела од 25 метри од Торе Баранчио или еден абзел од 50 метро од Торе Романа (од нивната јужна страна).
Насока 2: Северна страна (насока „Дибона“) IV (белата линија на сликата)
Први качувачи: Дибона, Аполонио, Стефани - во септември 1934-тата година.
Детали: Насоката е во сенка и е една од најдобрите во целата област на Чинкве Тори. Добро е обезбедена, експонирана и технички тешка за оцената. Како одите повисоко така станува полесно! Почетокот е од левата страна на северната страна под нишата. Пристап и симнување - како претходната насока.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10 |