Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:

- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)

- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)

- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)

- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м

- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м

- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+

- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+

Описи на насоките во Доломити

 

Планина/Врв: Мала кула на Фалзарего (2500м)

Насока: Јужен Гребен, IV+

Први качувачи: Емилио Комичи, Сандро дел Торсо и Мери Варале, 10.08.1934год.

Детали: Висинска разлика од 150 метри; 7 должини. Потребно време за качување: еден и пол час. Пристап - 30 минути. Симнување - 45 минути. Има паркинг место на еден километар пред преминот Фалзарего - има нешто како ресторан со паркинг таму.

Опис: Јужниот Гребен на Малата Кула на Фалзарего е многу популарна цел кај алпинистите - за викенди има редици. Тоа е поради тоа што нема многу насоки во близина кои даваат постојана тежина со таа оцена, карпата е јужно експонирана, а гребенот кој се следи во горната половина е извонредно цврст. На ова ако се додадат и сидриштата со експанзиони клинови и брзиот пристап - станува повеќе од очигледно зошто е популарна таа насока. Изберете ден кога нема многу качувачи наоколу (или после пладне) и ќе биде вистинско задоволство да се качува таму. Насоката е добра за качување уште рано во годината. Симнувањето е со абзел од 25 метри до една тревната тераса од која сте веднаш на патеката помеѓу двете кули и можете веднаш да одите на некоја насока на Големата Кула.

Стартот е на патеката над старите армиски градби - на 10 метри во десно од еден голем камин - под испишан број „10“ на карпата.

За други детали: kontakt@alpinizam.org

Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

Copyright © Alpinizam.org