Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:

- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)

- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)

- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)

- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м

- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м

- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+

- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+

Описи на насоките во Доломити

 

Планина/Врв: Голема кула на Фалзарего (2500m)

Насока: Западна Страна (насока „Ласато“), IV

Први качувачи: С. Луссато, 13.08.1057

Детали: Висинска разлика од 130 метри; 4 должини. Потребно време за качување: еден час. Пристап - 30 минути. Симнување - 1 час. Има паркинг место на еден километар пред преминот Фалзарего - има нешто како ресторан со паркинг таму.

Опис: Кратка, но одлично формирана насока со разнолик терен како за оцената - сепак е кратка и е добра во комбинација со насоката Јежен Гребен на Малата Кула.

Сидришта со лепени и експанзиони клинови. Почетокот е на подножјето на патеката меѓу двете кули и е означен со црвен триаголник. Исто така во самата насока, во должините по карпата има црвени маркации (?!?) така што не можете да се загубите. Симнувањето е интересно и експонирано: патека кон север но експонирана и со клинови кои ако не ви се допаѓа да одите не обезбедени можете да се обезбедувате на нив - паралелно на пример. Таа се приклучува на нормална патека која оди до почетокот на насоката, а од таму до паркингот.

За други детали: kontakt@alpinizam.org

Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

Copyright © Alpinizam.org