Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:
- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)
- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)
- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)
- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м
- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м
- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+
- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+ |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Пунта Фиамес (2240м)
Насока: Јужна Страна - насока „Виа Комуне“, IV+
Први качувачи: Џ. Л. Хит, Антонио Димаи, Анџело Верзи - 07.07.1091
Детали: Висинска разлика од 400 метри; 15 должини. Потребно време за качување: четири часа. Пристап - 2 часа. Симнување - 1 и пол час. Се паркира на паркингот на болницата на излезот од Кортина кон север.
Опис: Без сомневање најдобрата насока во Доломитите со таа техничка тежина. Треба добро да ја владеете таа оцена бидејќи карпата е солидна и компактна - со многу малку можности за обезбедување. Тежините се сконцентрирани околу каминот кој е на половина од насоката до кој се стигнува преку експонирано пречење. тој завршува под еден таван кој повеќе изгледа опасен отколку што навистина е...
Пристапот е преку добро маркирана патека која под насоката минува во камини со тежина II-III. Се започнува во каминот кој е на лева страна. Симнувањето е преку патека која оди кон север, а потоа пречи кон исток кон Форчела Помагањон. Се симнува сипар до патеката за пристап.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10 |