Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:
- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)
- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)
- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)
- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м
- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м
- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+
- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+ |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Пиц Попена Басо (2224м)
Насока 1: Мацорана, IV (белата линија на сликата)
Први качувачи: Пјеро Мацорана, 23.09.1931
Детали: Висинска разлика од 130 метри; 4 должини. Потребно време за качување: еден-два часа. Пристап - 45 минути. Симнување - 45 минути. Паркинг - кај некој од хотелите на езерото Мизурина (на пример паркингот на истоимениот хотел)
Опис: Место кое исто како Чинкве Тори е своевидно „игралиште“. Цврста карпа и доволно фаќалишта, доволно сонце во текот на денот, а некои од кратките насоки се премногу добро обезбедени. Насоката започнува во подножјето на големиот жлеб во левата страна на карпата и претставува серија на одлични камини, на солидна и компактна карпа. На почеток камините изгледаат одбивни, но се поминуваат добро во расчекор.
До насоките се доаѓа преку патека кој почнува зад хотелот Мизурина. Симнувањата се прават преку патека која ја заобиколува карпата кон север...
Насока 2: Источна страна „Мацорана/Адлер“ IV+ (црвената линија на сликата)
Први качувачи: Пјеро Мацорана и Мулио Адлер - 17.08.1936
Детали: Висинска разлика од 120 метри; 4 должини. Потребно време за качување: 1-2 часа. Пристап и излез - 45 минути.
Опис: Ова е насока препорачана за загревање. На почетокот обрасната со трева, но како се оди погоре, станува подобро. Има лепени и експанзиони клинови за обезбедување. Почетокот е означен со исцртана мала стрелка и триаголник. Симнување - истоа како претходната насока.
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10 |