Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:
- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)
- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)
- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)
- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м
- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м
- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+
- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+ |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Хексенштајн (Сас ди Стриа) 2477м
Насока: Јужно ребро, IV+
Први качувачи: А. Коберталдо/ Л. Пецоти - 01.08.1939
Детали: Висинска разлика од 150 метри; 6 должини. Потребно време за качување: еден и пол до два часа. Пристап - 20 минути. Симнување - 45 минути. Има паркинг место на еден километар од преминот Фалзарего (кога се оди кон преминот Валпарола) - покрај маркантна карпа.
Опис: Јужното ребро на Хексенштајн има сидришта со експанзиони клинови и е насока за тие кои сакаат релаксирано искачување со прекрасен поглед наоколу. Дополнително задоволство претставуваат и безопасниот краток пристап и излез од насока, јужната експонираност и солидната карпа. Одличен избор за тие кои се нови во алпинизмот поради тоа што насоката во својата кратка должина има се' - плочи, камини, пукнатини... Тие кои ќе ја избегнат пукнатината во последната должина качувајќи ја од страна, ќе го пропуштат најдобриот детал од насоката.
Се следи десната страна на реброто. Се поминува тревната полица и тераса која води кон јужно-западната страна. Не се поминува целата тераса туку низ една голема пукнатина се излегува на полица која е на јужно-источната страна од каде преку пукнатина се излегува на врвот. Симнувањето не е проблем - има маркации кои кон северо-запад водат кон преминот Валпарола
|
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10 |