Описи на насоките кои ги поминавме во 2005г.:
- Јужно Ребро IV+, Хексенштајн (2477м)
- Јужен Гребен IV+, Мала кула на Фалзарего (c. 2500m)
- Западна Страна (Ласато) IV, Голема кула на Фалзарего (c2500m)
- Јужно-Западна Страна (Виа дел Буко) IV, Пиколо Лагацуои 2778м
- Северо-Западен Диедар IV и Северна Страна (Дибона) IV, Торе Баранчио 2308м
- Источна Страна на Пиц Попена Басо (2224м): „Мацорана“ IV и „Мацорана/Адлер“ IV+
- Јужна Страна на Пунта Фиамес (2240м) - Виа Комуне IV+ |
Описи на насоките во Доломити
Планина/Врв: Пиколо Лагацуои (2778м)
Насока: Јужно-Западна Страна - насока „Виа дел Буко“, IV
Први качувачи: не е познато
Детали: Висинска разлика од 250 метри; 10 должини. Потребно време за качување: два и пол до три часа. Пристап - 15 минути. Симнување - 1 час. На паркингот на преминот Фалзарего.
Опис: Можеби незначајни - насоките кои лежат околу преминот Фалзарего сепак претставуваат големо алпинистичко игралиште с ојужна експонираност и одлична карпа. Една од најубавите насоки овде е „Виа дел Буко“ која ја следи линијата во лево од очигледниот камин. После 5 одлични должини по плочи, насоката има две различни излезни варијанти - полесна и потешка. Полената варијанта поради тоа што влегува во поблаг терен ја губи цврстината на карпата карактеристична за долната половина, а потешката варијанта влегува во диедар кој е пологичен излез за долниот камин.
Ова е наш коментар: Патеката за пристап е лесна и логична. Малку потешко го најдовме почетокот поради тоа што има неколку диедри наоколу, но само еден карактеристичен превис од втората должина па така се започнува во диедарот под него. Прекрасна насока - сепак лесна во горната половина. Излезот е повторно па патека - одлично маркирана и со мост кој го заменува абзелот (ова не беше напишано во водичот - но убаво ни дојде)
За други детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10 |