На оваа тема

Проблемчиња:

- Контроверзиите во 2006г.

- Текст на Стив Хаус

- Текст на Марко Презељ

 

Првите 18 години од „Златниот цепин“

- За „Златен Цепин“

-Златен Цепин 2008год.

-Златен Цепин 2006год.

-Златен Цепин 2005год.

-Златен Цепин 2004год.

-Златен Цепин 2003год.

-Златен Цепин 2002год.

-Златен Цепин 2001год.

-Златен Цепин 1991 - 2000год.


Иднината на „Златниот Цепин“
– текст на Стив Хаус (добитник на „Златен Цепин 2005“)
во средината на Март 2007год.

Отворено писмо до јавноста во врска со „Златниот Цепин“:

Среќен сум што слушам дека Филип Дешамп објави дека е крајно време за „отворена дискусија“ за вредноста и иднината на наградата „Златен Цепин“. Со повлекувањето на ГХМ и поради настаните од блиското минато на оваа награда, крајно време е да се зборува за иднината на „Златниот Цепин“. За почеток мислам дека треба најпрвин да ја заборавиме историјата на ова признание и да го разгледуваме како идеа – како да почнуваме да го креираме од почеток.
Најпрвин би го поставил прашањето зошто воопшто чувствуваме потреба да имаме вакво признание. Веднаш штом ќе имаме некакви заеднички ставови за нашата цел да оддаваме вакво признание треба да креираме дефиниција за оваа награда.

Зошто оддаваме признание? Во човечката природа ни е да сакаме да ги наградуваме оние кои ги почитуваме и на кои им се воодушевуваме. Веројатно кога ова би го разгледувале би увиделе дека тоа е основа на спортските натпревари. Мислам дека е добро да ги промовираме активностите кои се исполнувачки и виртуозни и наградите се еден начин како се прави тоа.

Исто така мислам дека вистинскиот алпинизам е без јасен глас. Новинарите често немаат искуство да разберат каков навистина е вистинскиот алпинизам. Исто така сум видел дека тие често не знаат кои се вистинските прашања кои треба да ги постават. Кога зборуваме за искачување како моето на Рупал страната во 2005 година, искрено верувам дека во светот има само 50 луѓе кои разбираат што ние направивме таму. Кои навистина разбираат. Ниту еден од нив не е новинар. Вистинскиот тип на оваа награда може да помогне појасно да се прикаже вистинската слика на вистинскиот алпинизам.

Овие предлози се само почетна точка. Јас не сум авторитет самиот да одговорам на овие прашања. Тоа треба да остане да го одлучи поголемата алпинистичка заедница. Ве молам на моите мислења да гледате само како на сугестии и почетни точки на размислување. Секое од нив носи повеќе прашања отколку одговори, но потребата да се награди достигнувањето на другите и да му се даде јасен глас на вистинскиот алпинизам се благородни цели, вредни за размислување.

Сега за дефиницијата. Признанието за алпинистичките искачувања треба да биде дефинирано многу внимателно за да можат како номинираните така и публиката да разберат што се наградува. Тоа не смее да биде направено од страна на новинари и други набљудувачи. Исто како Марко (Презељ) верувам дека овие групи имаат лоша историја во идентификувањето на нешто што би требало да биде „најдобро искачување“. Дефиницијата треба да биде направена од соодветен комитет составен од најдобрите алпинисти.

Еве список на идеи кои треба да бидат вклучени во таква дефиниција: тежина, чистота, смелост, леснина, брзина, визионерство, авантура... Некои од овие работи може лесно да се дефинираат. Дали алпинистите оставиле ѓубре на планината – како на пример фиксни јажиња? Но некои други како „визионерско“ на пример ќе бидат потешки за дефинирање, но сепак се многу важни аспекти на алпинизмот.

Верувам дека треба да постои само една награда за најдоброто качување во годината. Мислам дека ако наградата се подели (како што е случајот со постоењето на наградите „Златен Цепин за Азија“ или „Златен Клин“) тогаш се намалува нејзината вредност. „Златен Цепин“ е важна и вредна награда бидејќи е меѓународно признание. Најдобар начин како таа да стане безначајна е да се подели на што повеќе делчиња.

Исто така од помош би биле и неколку прашања кои ќе го водат процесот на селекција. Еве неколку примери:
- Колкава е веројатноста искачувањето да биде повторено и зошто? Дали тимот носеше нешто повеќе од само потребната опрема за качување – и ако „да“ тогаш што и зошто? Дали алпинистите користеле стил соодветен на целта? Дали таа цел претходно некој се обидел да ја направи во некој друг стил? Каква е историјата од тие обиди? Дали насоката е посебна насока или варијанта на некоја постоечка? Каков бил степенот на посветеност на тимот за време на качувањето? Дали враќањето било тешко или лесно? Дали при искачувањето е користена опремата останата од претходните обиди?

Овие прашања, но и други на кои не ми текнува во моментов треба да бидат вклучени во основата на наградата бидејќи врз основа на моите претходни искуства тие не беа доволно често поставувани од страна на жиријата.
Исто така се согласувам со Марко дека треба да го отстраниме чувството на натпревар меѓу номинираните и да внесеме чувство на соработка и прославување. Во изминатите години приметив дека некои од номинираните имаа силно чувство на натпревар кон останатите номинирани. Тоа е негативен производ на наградата каква што е во овој момент.

Оваа награда може да го одржува алпинизмот - „здрав“, поставивајќи сцена во која најдобрите алпинисти од целиот свет ќе дојдат да разговараат и да качуваат (и да пијат и да се смеат) заедно. Мислам дека ќе видиме дека тоа заедништво е многу поголемо од било што што може да понуди било кој номиниран тим. Ова ме потсетува на шкотските зимски алпинистички средби. Можам да се сетам на бројни искачувања кои беа направени поради тоа што тамошните алпинисти се сретнуваат и качуваат заедно. Но не можам да се сетам на ниту едно искачување кое било плод на соработка создадена за време на церемонијата на наградата „Златен Цепин“. Следните церемонии треба да бидат неколкудневни заеднички искачувања, а медиумите треба да бидат експресно исклучени од тие моменти.

Мислам дека постои компромис кој не можеме да го препознаеме. Алпинистите имаат потреба од медиумите за да ги претстават идеите и емоциите на алпинизмот. На алпинизмот му е потребен глас и треба да ги вклучиме медиумите во оваа награда. Улогата на новинарот е да биде само врска меѓу публиката и актерите и силно чувствувам дека медиумите, вклучувајќи го тука и уредникот на списанието „Монтањ“ треба да бидат исклучени од жирито. Постојат неколку начини како да се направи жири без новинари. Еден начин е во жирито и во гласањето да се вклучат и самите номинирани и всушност таквата награда е многу позначајна за алпинистите од таа добиена од жири составено од набљудувачи.

Да ја искористиме оваа можност и да видиме како „Златниот Цепин“ ќе почне да еволуира. Тоа треба да биде прослава која ќе ги слави сите големи искачувања направени во изминатата година. Тоа треба да биде место каде овие алпинисти ќе се сретнат и ќе споделат информации, идеи и искуства и од чија соработка ќе се развијат големи искачувања и во иднина. Овие алпинисти треба да се здружат заедно со новинарите и заедно да ја раскажат приказната пред публиката. Ваквиот „Златен Цепин“ сите би биле горди да го подржиме и да учествуваме во него.

Напред!
Copyright © Alpinizam.org