Контроверзиите во 2006г.
При крајот на 2006 година, изборот на номинираните беше направен единствено од списанието „Монтањ“ – без консултации со GHM кој е нивен партнер во основањето на наградата. Изборот на номинираните исто така беше направен и без да се почека списокот на предлози на секој член на жирито како што беше и вообичаено во изминатите години.
GHM верувајќи дека овој настан ќе стане новинарска награда под влијание на комерцијализмот – се повлече од учеството.
Историјата на наградата е едноставна. На почетокот на 90-тите години од минатиот век, во Франција стануваше сé потешко да се најдат финансии за алпинистички експедиции. Одамна беа поминати деновите кога големите компании помагаа финансиски, а од друга страна и самата планинска федерација немаше повеќе пари на својата сметка.
Тогашниот претседател на GHM (High Mountain Group – преведете го како сакате), познатиот алпинист Жан Клод Мармие, изнајде решение за излезот од таа криза, со кое пред пошироката јавност би се претставувало сé што е добро и големо во модерниот алпинизам – во вид на годишна награда за најголемото достигнување во светот на алпинизмот.
За таа цел требаше да се привлече широка публика и во организацијата беше вклучен Гај Шомеро – во тоа време главен уредник на списанието „Монтањ“ (месечник со седиште во Гренобл). Така со здружување на овие две институции (GHM и „Монтањ“) се поставија основите на „Златниот Цепин“.
Контроверзии имаше и во изминатите години, но овој пат тие ескалираа поради избирањето на номинираните кандидати (пет тима) - еднострано од „Монтањ“. Од учеството веднаш се повлекоа GHM и Андреј Штремфељ - словенечки алпинист кој требаше да биде претседател на жирито.
Со ова никако не се омаловажува постигнатото на избраните пет тима од страна на „Монтањ“ (видете овде кои беа тие кандидати и кој победи). Проблемот беше имено во едностараната одлука на новинарите и занемарувањето на изборот и предлозите од страна на алпинистите (GHM и жирито). |