На оваа тема:

- Статистика за 2015г,

- Статистика за 2014г,

- Статистика за 2013г,

- Статистика за 2012г,

- Статистика за 2011г,

- Статистика за 2008-2010г

 

Текстови за споменатите насоки:

- 4 Клина;

- Борник;

- Ветерански;

- Козина;

- Матка - лева и десна варијанта;

- Новогодишен;

- Отмарова насока;

- Отмар - лева варијанта;

- Рампа;

- Тани;

- Фифи Клин;

- Франгова насока;

 

Share

Матка - Статистика за 2012г.

-21.01.2013г. Игор и Весна Т.

Што кажуваат кутиите...

Во дел од алпинистичките насоки на Матка, на сидриштата се поставени кутии во кои се чуваат тетратки во кои при качувањето, алпинистите и качувачите може да се потпишат и да напишат на кој ден која насока ја качиле, со кого како свој партнер, дали се членови на некој клуб, какви биле временските услови при качувањето, состојбата на насоката, малку поезија итн, итн... :)

Еве што кажуваат бројките за 2012-та година, кога ќе се погледнат овие потписи:

За дел од насоките во централниот дел од карпата бројките се овие:
(насока ----број на искачувања)
Циго ------------------ 18 искачувања
Матка лева -------------- 14
Матка десна -- 2
Ветерански --------------------- 21
Отмар ------------------------------------- 37
Франгов ---- 4
Незапишани насоки ------ (6; значи во овој случај пишува кој качувал, но не е запишано на која насока)

Вкупно искачувања: 102
Насоките се искачени од 58 различни качувачи (од нив девојки се 11).

„Новогодишен
На оваа насока во 2012-та година се направени 80 искачувања, кои ги направиле 50-тина качувачи - членови на различни клубови, од кои 10-тина биле девојки. Само кај оваа насока бројот на качувачи е сличен со минатата година, а помал е само бројот на искачувања - за 20%!

„Четири Клина
12 искачувања од 19 различни качувачи, од кои 7 девојки.
Забелешка: Во оваа кутија која е на третото сидриште од оваа насока, потпишана е и наврска која качувала и на насоката „Дождовник“. Само едно качување на Дождовник и ниту едно на Рампа и ПИ!

„Нина“
Во 2012-та, на оваа насока се регистрирани 9 искачувања и 4 искачувања само на нејзиниот горен дел (барем толку се изјасниле како „половинки“). Искачувањата се направени од страна на 16 различни качувачи, од кои 3 девојки. На оваа насока минатата година, се направени најмалку искачувања во последните 5 години!

Како за крај

Оваа статистика за искачувањата на Матка, секоја година признаваме дека е далеку од совршена, а тоа е така пред сé поради тоа што за многу насоки во моментов нема можност да се води ваква евиденција. Такви насоки на пример се: „Козина“, „Отмар - лева варијанта“, „Тани“, „Фи-фи клин“, „Борник“ и други...

Бројот на качувачи кои во 2012-та ги качувале насоките во централниот дел, (каде што може да се води евиденција) е помал за 15% од претходната (2011-та) година. Тоа е директно поврзано и со:
Бројот на искачувања:
во споредба со минатата година е забележително помал на сите насоки. Грубо, во процент од 35% до 55% помалку искачувања.

Во статистиката за 2011-та година напишавме дека бројот на искачувања на Матка, најмногу зависи од организацијата на алпинистички собири од страна на Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ). Тоа се покажа и минатата година: МАФ организираше само еден собир, па и тој беше слабо посетен, па и од таму толку мал вкупен број и на качувачи и на искачувања. Тоа е уште една потврда дека токму МАФ му дава живот на овој локалитет, но секако и на другите во земјава!

Тоа што се забележува за минатата година е и тоа дека насоката „Матка лева“ го предаде второто место (во тој дел од карпата) кое секогаш го имаше после насоката „Отмар“- по број на направени искачувања на нејзе :). Сега таа е на 4-то место, по второто место на „Ветерански“ и третото на „Циго“. Исто така знаеме дека поголем број на наврски качуваа и на „Отмар лева“ и „Козина“ и ќе направиме напор во што поскоро време да се постави кутија на заедничко сидриште на овие две насоки, а ќе треба да се постави кутија и на „Панчев“ и на „Пајак“... А и секако ќе треба да се качува повеќе!!! :)

Како и да е, далеку од совршена статистика, но да си правиме муабет за нешто :)

Copyright © Alpinizam.org