На оваа тема:
- Статистика за 2015г,
- Статистика за 2014г,
- Статистика за 2013г,
- Статистика за 2012г,
- Статистика за 2011г,
- Статистика за 2008-2010г
Текстови за споменатите насоки:
- 4 Клина;
- Борник;
- Ветерански;
- Козина;
- Матка - лева и десна варијанта;
- Новогодишен;
- Отмарова насока;
- Отмар - лева варијанта;
- Рампа;
- Тани;
- Фифи Клин;
- Франгова насока;
- АПБ
|
Матка - Статистика за 2013г.
-02.01.2014г. Игор и Весна Т.
Што кажуваат кутиите...
Во дел од алпинистичките насоки на Матка, на сидриштата се поставени кутии во кои се чуваат тетратки во кои при качувањето, алпинистите и качувачите може да се потпишат и да напишат на кој ден која насока ја качиле, со кого како свој партнер, дали се членови на некој клуб, какви биле временските услови при качувањето, состојбата на насоката, малку поезија итн, итн... :)
Еве што кажуваат бројките за 2013-та година, кога ќе се погледнат овие потписи:
За дел од насоките во централниот дел од карпата бројките се овие:
(насока ----број на искачувања)
Циго ------------- 13 искачувања
Матка лева --------------------- 21
Матка десна ------------- 13
Ветерански --------------- 15
Отмар ------------------------------------------- 43
Франгов - 1
Незапишани насоки --------- 9 (оваа година во оваа „категорија“, покрај случаите во кои наврските не напишале на која насока качувале, вклучени се и тие во кои наврските ги мешале насоките - на пример „до кутија Тани, до излез Отмар“ и слични...)
Вкупно искачувања: 115
Насоките се искачени од 68 различни алпинисти/качувачи (од нив девојки се 19).
„Новогодишен“
На оваа насока во 2013-та година се направени 90 искачувања, кои ги направиле 40-тина алпинисти/качувачи - членови на различни клубови, од кои само 5 биле девојки.
„Четири Клина“
16 запишувања на оваа кутија, од кои 3 немаат напишано на која насока качувале (овде поминуваат повеќе насоки, а не само „4 клина“), а 13 се запишани како искачувања на „4 клина“: од 17 различни алпинисти/качувачи, од кои 8 се девојки.
Забелешка: Во оваа кутија која е на третото сидриште од оваа насока, поминуваат и насоките „Дождовник“, „Рампа“ и „ПИ“.
„Нина“
Во 2013-та, на оваа насока се регистрирани 15 целосни искачувања и 4 искачувања само на нејзиниот горен дел (барем толку се изјасниле како „половинки“). Искачувањата се направени од страна на 24 различни алпинисти/качувачи, од кои 6 девојки.
2 нови кутии
Македонската Алпинистичка Федерација оваа година постави две нови кутии во овој локалитет, со цел да се следат искачувањата и на други насоки, за кои тоа не можеше да се прави во претходните години.
Една кутија беше поставена на заедничко сидриште на насоките „Отмар - лева варијанта“, „АПБ“ и „Козина“, а друга на излезот на насоките спроти Долна Матка: К1, К2, К3 и К4. При вчерашната проверка на сите овие кутии, не успеавме да ѕирнеме во таа кај „К“ насоките и ако има некое искачување кај нив, кога ќе го провериме тоа во првата следна можност - ќе ве известиме. Во овој момент, само известуваме за бројките на првата кутија, за која се води евиденција од средината на јули 2013-та година:
На насоката „АПБ“ не е регистрирано искачување, а за другите 2 насоки бројките се следни:
„Отмар - лева варијанта“: 8 искачувања од 14 алпинисти од кои 7 се девојки;
„Козина“: 5 искачувања од 5 алпинисти/качувачи од кои 2 се девојки.
(Потсетување: овие бројки се само за периодот јули-декември 2013-та година кога и беше поставена кутијата. Знаеме дека претходно имаше и други искачувања на овие насоки, но тие бројки бидејќи официјално ги немаме - и не ги споменуваме. Сигурни сме дека веќе оваа година, бројките на овие насоки ќе бидат многу поголеми, бидејќи се работи за вистинско „откривање“ на овие насоки во свеста на нашите колеги-алпинисти.)
Како за крај
Оваа статистика за искачувањата на Матка, секоја година признаваме дека е далеку од совршена, а тоа е така пред сé поради тоа што за многу насоки во моментов нема можност да се води ваква евиденција. Такви насоки на пример сега се: „Тани“, „Фи-фи клин“, „Борник“, „Пајак“, „Панчев“ и други...
Во секој случај, од тоа што во моментов го имаме на располагање како бројки, може да се заклучи дека 2013-та година квантитативно беше втора најуспешна година во последните 6 години - од кога ние ја водиме оваа статистика. Прва најуспешна во изминатите 6 години е 2011-тата година. Споредбено:
Бројот на алпинисти/качувачи кои во 2013-тата ги качувале насоките во централниот дел, (каде што може да се води евиденција) е секако поголем од тој од 2012-та година, а е ист со тој од 2011-тата година. Сепак,
Бројот на искачувања: 2013-тата споредена со 2011-тата година покажува 30% помалку искачувања.
Во статистиката за 2011-та година напишавме дека бројот на искачувања на Матка, најмногу зависи од организацијата на алпинистички собири од страна на Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ). Тоа се покажа дека е така и во 2013-тата година: МАФ организираше само еден собир (традиционалниот собир во мај, посветен на македонските алпинистички великани) кој беше слабо посетен, па и од таму помал број на искачувања. Тоа е повторно потврда дека токму МАФ му дава живот на овој локалитет, но секако и на другите во земјава, но и дека тие организирани активности се посебна инспирација за постигнување на поголема „километража“ кај алпинистите, а со тоа и стекнување на поголемо искуство.
Тоа што се забележува за минатата година е и тоа дека: насоката „Матка - десна варијанта“ доживеа најмногу искачувања во овие 6 години, се случуваа убави настани - како на пример „Месечувањата“, се случуваа женски наврски, се појавуваа нови личности и ни се придружија и нови клубови - како на пример АК 8 од Скопје чии членови беа и едни од поактивните, се случуваа роденденски искачувања, се славеа разни јубилеи, се фалеа новопечени дедовци итн итн.
Најдобра работа сепак е тоа што од активностите кои во претходните две години (во 2011-та и 2012-та година) МАФ ги организираше: собирите на различни локалитети кои тогаш беа многу попосетени, но и акциите, а посебно тие во Доломитите, се оформи група на млади алпинисти кои во 2013-та година блесна со најмногу искачувања, со самостојни искачувања, но и со водење по насоките на нови и помалку искусни алпинисти и овде би сакале да ги истакнеме: Ана Велкова, Александар Старделов и Виктор Трпевски од АК Матка - чии имиња и најчесто можевме да ги приметиме по тоа тетратките...
Како и да е, далеку од совршена статистика, но да си правиме муабет за нешто :) |