Матка - Статистика за 2011г.
-01.01.2012г. Игор и Весна Т.
Што кажуваат кутиите...
Во дел од алпинистичките насоки на Матка, на сидриштата се поставени кутии во кои се чуваат тетратки во кои при качувањето, алпинистите и качувачите може да се потпишат и да напишат на кој ден која насока ја качиле, со кого како свој партнер, дали се членови на некој клуб, какви биле временските услови при качувањето, состојбата на насоката, малку поезија итн, итн... :)
Еве што кажуваат бројките за 2011 година, кога ќе се погледнат овие потписи:
За дел од насоките во централниот дел од карпата бројките се овие:
(насока ----број на искачувања)
Циго --------------------------- 27 искачувања
Матка лева ----------------------------------------- 41
Матка десна --------- 9
Ветерански -------------------------- 26
Отмар ------------------------------------------------------- 55
Франгов -- 2
Вкупно искачувања: 160
Насоките се искачени од 68 различни качувачи (од нив девојки се 19).
„Новогодишен“
За оваа насока за 2011 година има историја за целата година. На нејзе се направени 98 искачувања, кои ги направиле 50-тина качувачи - членови на различни клубови, од кои 10-тина биле девојки.
Во тетратката стои потпишана и наврска која има направено повторување на насоката „Комитски“ која излегува на овој гребен...
„Четири Клина“
19 искачувања од 19 различни качувачи, од кои 4 девојки.
Забелешка: Во оваа кутија која е на третото сидриште од оваа насока, потпишани се и наврски кои качувале и на насоките „ПИ“ и „Дождовник“, кои поминуваат кај таа точка. При тоа на ПИ регистрирани се 3 искачувања, а на Дождовник - 1.
„Нина“
Оваа година на оваа насока регистрирани се 22 искачувања и 3 искачувања само на нејзиниот горен дел (барем толку се изјасниле како „половинки“). Искачувањата се направени од страна на 24 различни качувачи, од кои 7 девојки.
Како за крај
Оваа статистика за искачувањата на Матка е далеку од совршена - пред сé поради тоа што за многу насоки во моментов нема можност да се води ваква евиденција... Такви насоки на пример се „Козина“, „Отмар - лева варијанта“, „Тани“, „Фи-фи клин“, „Борник“ и други...
Бројот на качувачи кои ги качувале овие насоки каде може да се води евиденција е сличен со тој од минатата година.
Бројот на искачувања: за насоката „Новогодишен“ не може да се направи ваква споредба бидејќи за минатата година за оваа насока имаше евиденција само за половина година. Споредбата за другите насоки кажува дека бројот на искачувања на насоката „Нина“ оваа година е ист како и минатата година. Бројот на искачувања на „Четири клина“ оваа година е поголем за 58% во споредба со минатата година, а бројот на искачувања направени на насоките во централниот дел, поголем за околу 27%.
Ова зголемување најмногу се должи на организираните алпинистички собири од страна на Македонската Алпинистичка Федерација. Тоа што радува секако е дека овој квантитет одеше паралелно со квалитетот на искачувањата за време на овие собири - кога на голем број членови им беше овозможено да качуваат во (за нив) нови насоки и да се запознаат со нов терен и да се сретнат со нови технички проблеми и тежини независно дали како први или втори во наврските...
Оваа година беше добра и за нас :) Конечно ја надминавме бројката на искачувања која ни беше „рекорд“ уште од 1999 година. За време на таа година имавме направено 77 искачувања (во четири локалитети), а оваа година (бројката пријатно изненади бидејќи не го почувствувавме тоа така) - 90 искачувања. Со тоа ја надминавме бројката од 600 искачувања на 115 различни насоки. Во сите овие бројки секако не се земени во предвид кратките насоки - вежбалиштата...
Фиу - ајде доста бројки како за 1-ви јануари :)
Ви посакуваме многу радости во планините оваа година! |