Share

Други Текстови

Во овој дел ќе најдете разни инспиративни текстови. Некои од нив не се напишани од алпинисти, но пренесените доживувања на авторите или пак нивните мисли оставиле големо влијание врз нас за тоа како да гледаме на нашиот живот и нé инспирирале да работиме за наше постојано себе-надминување, како физичко така и духовно.

Пасија за граници -Рајнолд Меснер

Jaс имaм прaвилa сaмo зa сeбe. Kako првo, нe kaчувaм тaму kaдe штo oдaт и другитe. Kaчувaм или сaм или вo мaлa групa. Втoрo, oдaм дo мoитe грaници и ниkoгaш прekу нив. Пaсиjaтa зa грaницитe e мoja мoтивaциja...

Валери Бабанов

Случајната средба со овој голем руски алпинист во Шамони, нé потсети да ви го претставиме човекот за чии експедиции насекаде по улиците во овој град беа излепени плакати за презентацијата на неговото последно големо искачување…

Духот на авантурата -Вил Стегер

Авантурата е во индивидуата. Таа е толку близу до нас како облекувањето на чевлите секое утро и излегувањето низ вратата. И не се работи за награда, за пари, за целта, за златото. Роберт Сервис во својата поема „Магијата на Јукон“ совршено објаснува: „Не го барам златото / туку потрагата по златото.“ Тоа е авантурата – пронаоѓањето на нештото...

Зелена Карта -Грег Чалјд (извадок од книгата „Разгледници од полицата“)

Експедициите во Третиот Свет ги горат нервите - подмитливите службеници, трагичните питачи и проблемите со дијареата не претворија во тројца воопшто дипломатски нерасположени и проблематични патници. Ако уште еден таксист се обидеше да ни наплати повеќе од што треба, ќе му ја откорневме главата и ќе направевме кари од нејзе...

Едмунд Хилари

Во моментот кога го минавме делот кој сега се вика „Хилари степ“ гребенот како да го снема. Не можевме да видиме каде точно е врвот. Не можевме да го најдеме врвот...

Словенечки алпинисти...

...кои го дефинираат алпинизмот и ја пишуваа(т) светската алпинистичка историја. Отчет на една од најплодните алпинистички асоцијации на Балканот - не е случајно што овие спортисти се најдобрите амбасадори на својата земја...

Ернест Шеклтон - мајстор за преживување

„Се бараат луѓе за опасно патување: ниски плати, многу студено време, долги месеци целосна темница, постојана опасност, а безбедно враќање - несигурно...“

Каде што ниту еден маж не бил претходно - текст за Лин Хил

Во 1993 година, Хил реши да го качи „Носот“. За качувањето и беа потребни три и пол дена, но успеа до врвот, докажувајќи дека е можно да се направи. Една година подоцна таа се врати на Ел Капитен...

Еверест - Мај 1989 -текст од Стипе Божиќ

До сега, на секоја планина повисока од 8000 метри на која сум бил, сум изгубил пријател. Прв пат тоа се случи на Монт Еверест во 1979 година по успешното искачување на западниот...

Во алпинистички стил: без компромис -Кити Калхун

Германецот праша еден од Американците покажувајќи накај Кити Калхун : “ Дали е таа менаџер на вашиот базен логор? ” Колин Грисон се насмевна : “Таа е водач на нашето искачување.”...

Скот Декапио

Кога поминувате покрај некој алпинистички локалитет заедно со Декапио гледајте вие да сте зад воланот, а ако веќе сте во некоја насока со него - пуштете го тој да води. Исто така ако немате пари, глумете дека сте незаинтересирани да качувате тој ден...

Ванда Руткиевич

Во последните 30-тина години преку 100 жени се имаат качено на Монт Еверест, а само пет успеале да стигнат во врвот на К2. На 23-ти Јуни 1986 година Ванда Руткиевич стана првата жена која стигна на врвот на оваа планина...

Дин Потер

За Дин Потер слушнавме пред неколку години - т.е. го видовме на една фотка прикажан како качува соло на Ел Капитен. Беше без обезбедување - со јажето на грб како ранче, стотици метри над земја.

Стеф ДејвисСтеф Дејвис

„...Физички, но и интелектуално, алпинизмот ме внесе во еден поголем свет – преку мојата сопствена култура и зона на комфор. Алпинизмот ми покажа постоење на сили над светот кој го гледаме и ми покажа дека сум многу мала...“

Рене Демезо

Негова пасија: температури под -30 степени Целзиусови, постојана опасност од смрзнатини, мизерни и бесони бивакувања, качувања по очајно лоши карпи и мразеви...

ДестивелКетрин Дестивел

„...Сакам да качувам големи страни, да качувам во зимски услови и да качувам сама. Во 1990 година со Џеф Лов бев на Транго Кулата во Пакистан, а потоа ја солирав насоката на Бонати на Дру...“

Херман Бул

Еден од најпознатите австриски алпинисти  – најмногу познат по неговото прво искачување на Нанга Парбат (8125м) – соло и без употреба на дополнителен кислород во 1953 година...

Силвиа Видал

„Во техничкото качување на многу големи карпи работите се поинакви бидејќи не се работи само за сила. Се работи и за издржливост, капацитет за страдање, имагинација, искуство...“

Ули Штек

Текст за првото искачување во алпинистички стил на Тeнгкангпоч и извештај за презентација во Берн од страна на нашиот колега Надир...

Рикардо Касин

Легендарниот италијански алпинист во интервју направено на негова 99-годишна возраст зборува за некои негови познати искачувања, за пријателите, неостварените соништа, за неговата тајна, за тврдоглавоста...

Дејв Меклод

За Дејв прв пат слушнавме по искачувањето на „Рапсодија“, а пред некое време го гледавме и филмот „Е11“ посветен на него...

Симоне Моро

„Алпинизмот не е само смрт, трагедија, преживување и херојство. Не очекуваме нашето искачување да стигне до насловните страни заедно со искачувањата на планини од 8000м...“

Енди Киркпатрик

„...Причините поради кои качувам и самите искачувања кои ги правам, се многу повеќе од само должина и височина, туку се за поместување на бариерите внатре во мене...“

Том Фрост

„Традиционалното качување е многу важно бидејќи тоа што го доживуваме практикувајќи го – го менува нашиот живот. Тоа е добро... Природата е нашиот учител, водач, ментор...

Ивон Куинард

Употребата на природно обезбедување не стана популарно сé додека не се увиде дека на тој начин се качува многу побрзо, поефикасно и побезбедно - со чоковите и френдовите. Сепак беа потребни неколку искачувања без кладиво на Халф Доум и Ел Капитен за да докажат дека скоро секоја насока...

Ројал Робинс

Научив дека планините кои ги освојуваме не се тие во хоризонтот: големи, студени и предизвикувачки, туку тие кои ги имаме внатре во нас: стравот, слабоста и љубомората. Тие се вистинските високи врвови. Кога би можеле да застанеме на нивниот врв тогаш навистина би биле „на врвот на светот“.

Крис Бонингтон

Еден од најпознатите британски качувачи кој во 1960-тите години го продолжува таквиот стил започнат стотина години порано – во периоди кога Британците силно ги истражуваа Хималаите. Тоа што е многу инспиративно е што тоа го прави и ден денес...

 
Copyright © Alpinizam.org